Остануваат само уште неколку часа до почетокот на мечот од 2.квалификациско коло во ЛШ меѓу Динамо Загреб и Шкупи. Меч меѓу шампионите на Хрватска и Македонија. Нема дилеми кој е фаворит, но јасно е дека четата на Гоце Седлоски нема предвреме да се предаде. Иако интересот во Загреб и околината за овој прв европски дуел на Динамо не е мала, сепак во тамошната јавност не е очекува којзнае каква посета. Сепак контигентот од 300 билети, кои му следуваат на гостинскиот тим, Шкупи веќе го добил, колку од тие билети за фановите на нашиот тим ќе присуствуваат на трибините на “Максимир“ останува да се види. Немаше некоја најава дека организирано ќе се патува во Загреб.
Инаку покрај “Максимир“ полека, но сигурно се загрева атмосферата. Динамо како и секој голем клуб си постави своја фан – зона на која навивачите ќе можат да се забавуваат. Се гледа дека атмосферата е убава, па така нека биде и вечерва, само резултатот да биде во полза на нашиот шампион.