Шкупи посакува сензација на “Максимир“

195

 

Вечерва од 21 часот, нашиот шампион во првиот меч од 2.квалификациско коло во Лигата на Шампионите, му гостува на Динамо Загреб. Чаирчани го посакуваа овој двомеч уште пред ждрепката, еве и го добија. Секогаш кога ќе се игра против некој тим од поранешна Југославија, тоа е меч со некој посебен шмек.

Да, Динамо Загреб е гигант во балкански рамки. Клуб кој веќе три децении знае и тоа како добро да „плива“ во фудбалска Европа. Да не говориме за буџетот, квалитетот на играчите. Па таму играат и нашите Аријан Адеми и Стефан Ристовски.

И сето тоа добро го знаеме, и затоа да се игра против еден таков тим, секако дека е фудбалски предизвик. А против кого тоа Шкупи ќе игра вечерва тоа најдобро го знае Гоце Седлоски, некогашниот капитен на “модрите“, човекот кој ја знае секоја коцка на “Максимир“.

Седлоски секако дека добро го подготви својот тим, проблемите со патувањето на Гибралтар и посебно враќањето, па и онаа случка со Сандеј и Фаустин, во многу го пореметија неговиот план. Шкупи под водство на Седлоски е тим кој никогаш не се предава.

Чаирчани го респектираат Динамо, но веруваат во себе, веруваат и посакуваат чудо или сензација, како сакате. Шкупи нема што да загуби и вечерва и воопшто на овој двомеч. Нашиот шампион ја оствари првичната цел во Европа, сега се повеќе од тоа ќе биде бонус. Ќе игра растиварено, за своја душа и за своите фанови.

А кога е така, тогаш нели, се е можно…

ПретходноНајдобрата руска тенисерска повеќе не можеше да молчи: Јас сум геј, имам девојка!
СледноПартизан не се шегува, го потпиша екс-капитенот на Пао!