Јуниорите фатија залет: Победа и над Хрватска во првиот тест

207

Mашката јуниорска селекција на Македонија продолжува со одличните игри и што е поважно, со победи во подготвителниот период.

Откако овој викенд го освоија турнирот во Гевгелија со три победи против Грција Бугарија и Црна Гора, вечерва во Дарувар, избраниците на селекторот Тони Симиќ стигнаа до уште една, овој пат против уште една силна селекција, Хрватска, која ја совладавме со 54:51.

Со тројката на нашиот најдобар играч, Теодор Симиќ, практично со звукот на сирената, Македонија го доби првиот од двата предвидени натпревари со „коцкастите“. Симиќ средбата ја заврши со 20 поени (четири тројки), Тома Стојановски имаше 12, Петковски даде 8, а Бошалески еден помалку.

Двете репрезентации, утре вечер, исто така од 19 часот, на истото место во Градската сала во Дарувар ќе имаат уште една проверка.

ПретходноПолувреме на “Максимир“: Ах, тој Адеми, Шкупи водеше, а “лавот” Аријан израмни во 45. минута на 1:1 (ВИДЕО)
СледноГаздата на Интер загуби на суд, ќе мора да најде 250 милиони евра