Единсон Кавани се договори со Виљареал

101

Искусниот уругвајски напаѓач Единсон Кавани се согласи да се пресели во шпански Виљареал, единствено што се чека е заминувањето на Пако Алакасер од клубот за „жолтата подморница“ да добие нов центарфор.

Кавани во моментов е без договор откако му истече двегодишната соработка со Манчестер Јунајтед.

35-годишниот фудбалер имаше различни понуди летово, се зборуваше за заминување во Фенербахче или Гранада, но Виљареал му понуди најдобри услови.

Него го чека поранешниот тренер на ПСЖ, Унаи Емери, кого одлично го познава и очигледно одигра важна улога во неговата одлука да го засили полуфиналистот од Лигата на шампионите.

ПретходноВеспрем во посета на ГРК Охрид
СледноБез нов Американец на стартот на претквалификациите за ЕП 2025!