Бразилскиот централен дефанзивец Глејсон Бремер вечерва стигнува во Австрија, каде веќе утре треба да ги мине лекарските прегледи и да стави потпис на договор со Јувентус.
Интер кој толку се обидуваше да го донесе фудбалерот на Торино во својот тим, на крајот ќе остане со празни раце.
Денеска Торино ја прифатил последната понуда од Јувентус, по што фудбалерот ќе го облече дресот на „Старата Дама“. Бремер утре ќе го потпише својот долгорочен договор со Јувентус во трансфер вреден 40 милиони евра, плус бонуси.