Квалификации во ЛЕ: Е.Пелистер 2 за ривал го доби Алпла Хард од Австрија!

110

Познат е противникот на вториот тим на Е. Пелистер во првото квалификациско коло во ракометната Лига на Европа. Денешната ждрепка сакаше тоа да биде тимот на Алпла Хард од Австрија, тим кој што е вицешампион на својата земја. Секако дека ова е незгоден ривал за младиот тим на битолчани во своето прво и историско учество во ракометна Европа.

Првиот меч се игра во Австрија на 27/28 август, додека реваншот е во Битола на 3/4 септември.

Вториот наш претставник во ова натпреварување за второто квалификациско коло својот ривал ќе го дознае на 6 септември, додека првиот тим на Е.Пелистер обезбеди директно место во групната фаза во Лигата на Европа.

ПретходноУтре е ПМФЛ ждрепката, Ренова дефинитивно игра и следната сезона
СледноНашите претставници ги дознаа своите противници во Европскиот Куп