Митровски и Терзовски дел од финалето во Призрен

141

На тукушто завршеното Европското првенство Дивизија „Ц“, за кошаркари „Под 16“, посебна чест и признание за својот квалитет и професонализам добија Игор Митровски и Димитар Терзовски кои беа одредени од страна на ФИБА да бидат дел од финалниот натпревар на турнирот во кое се сретнаа селекциите на Андора и на Ерменија.

Што е уште поважно за прв пат две официјални лица на овие позиции во финалните мечеви доаѓаат од една иста земја.

За потсетување, Македонија имаше свој претставник и на завршниот натпревар од ЕП Дивизија „Б“, за кошаркарки „Под 20“ години во Скопје. Зоран Митровски беше дел од судиската тројка која успешно си го заврши својот дел од задачата на средбата Црна Гора и Турција.

ПретходноТрансфермаркт: 100 VS 5,5 милиони евра, само Лавот Адеми вреди повеќе него целиот Шкупи!
СледноМарка тврди: Роналдо бил на третман кој го користат порно актерите!