На денешната ждрепка во ЕХФ, нашите четири женски ракометни екипи ги дознаа своите противници во второто коло во Европскиот Куп.
Женскиот тим на Металург за противник го доби грчкиот ПАОК од Солун, па на тимот од Автокоманда нема да му биде преголем проблем да патува.
Нешто слично ќе има и тимот на Чаир, кој пак за ривал во втората рунда го доби составот на Истогу од Косово.
Куманово ќе патува во Израел, имено на кумановки на ждрепката им се падна составот на Макаби Рамат Ган.
Најдалечно патување сепак ќе има тимот на Ѓорче Петров кој ќе оди на Исланд. Нашиот шампион се среќава со составот на КА ПОР.
Првите мечеви од ова натпреварување, односно во втората рунда се играат на 8/9 и 15/16 октомври.