ПСЖ по секоја цена сака да се ослободи од Нејмар, скапата бразилска мега ѕвезда, па така новиот спортски директор Луис Кампош го нуди на повеќе клубови.
Најново е тоа што тој разговарал со челниците на Манчестер Сити, но и со Пеп Гвардиола, а целта била размена. И тоа Нејмар да оди во Сити а во Париз да дојде Бернардо Силва. Сепак таквата понуда Пеп експресно ја одбил, се знае и зошто. Нејмар зема преголема плата во ПСЖ, и ретко кој клуб може да си го дозволи, а посебно ако Нејмар не го дава тоа што може.