Партизан не се шегува, го потпиша екс-капитенот на Пао!

183

Јоанис Папапетру е четврто засилување на Партизан ова лето, потврди клубот.

Неодамнешниот капитен на Панатинаикос потпишал договор со Партизан како слободен играч. Тој играше пет години и за Олимпијакос.

Новото засилување на Партизан има деветгодишно искуство играјќи во Евролигата, минатата сезона Папапетру имаше просек од 12 поени, со 3,2 скокови во најсилното европско клупско натпреварување.

Во националното првенство на Грција, Папапетру имаше 12,8 поени и 3,7 скока по натпревар во сезоната 2021/22.

ПретходноШкупи посакува сензација на “Максимир“
СледноЛапорта откри: Лева имаше подобри понуди, но ја одбра Барса!