Чаир во еуфорија, ПЕКОЛ го чека Динамо во Скопје!

2328

Ете, Шкупи уште еднаш покажа дека парите и големината на еден клуб не секогаш се пресудни. Да, Динамо беше фаворит, многумина се потсмеваа и велеа дека “модрите“ ќе го “наполнат“ нашиот шампион, но Гоце Седлоски уште еднаш покажа дека е тренер од највисока класа.

Ја постави играта така како што му одговараше на неговиот тим, имаше водство Шкупи, а потоа се врати и го избегна поразот кога Динамо веќе ја славеше победата.

Така играат шампионите, така игра Шкупи под водство на Седло.

И, сега што?

Сега Чаир е во еуфорија, фановите на Шкупи едвај чекаат да дојде 26 јули (вторник) и 21 часот кога на Арената “Тодор Проески“ секако дека ПЕКОЛ го чека Динамо.

Ах, да. Кој ако не твојот…

Ова се мисли на Аријан Адеми кој просто блескаше на вечерашниот дуел во дресот на Динамо. Постигна убав гол, беше асистент на вториот, а имаше и две шанси. Сакаше да „украде“ и пенал.

Но, извини Аријан, вечерва сите во Македонија беа за Шкупи а против тебе и Стефан.

Сосема на крај, да не заборавиме.

Победникот од двомечот меѓу Шкупи и Динамо ќе игра во 3.лвалификациско коло во ЛШ со победникот од двомечот меѓу Лудогорец и Шамрок.

Дали тоа ќе биде Шкупи?

Уф, каква сензација ќе биде тоа.

А, сега ајде трк по билети за најважниот меч на Шкупи во неговата историја.

ПретходноЧелзи го краде Де Јонг од пред носот на Манчестер Ј.?
СледноАдеми: Не ги потценивме, одиме на победа во Скопје