Челзи го краде Де Јонг од пред носот на Манчестер Ј.?

513

Место на „Олд Трафорд“, холандскиот играч за врска на Барселона, Френки Де Јонг, по се изгледа, ќе заврши на „Стемфорд Бриџ“.

Според неколку релевантни извори, лондонскиот клуб подготвува понуда за Барселона за трансфер на фудбалерот. Каталонците веќе се свесни за намерата на „сините“, но очекуваат да ја видат нивната прва понуда, по што ќе оценат каква е сериозноста на лондонскиот тим.

Де Јонг кој со месеци беше поврзуван со Манчестер Ј. во неколку наврати истакнал дека не сака преселба кај „црвените ѓаволи“.

ПретходноЛШ: Седло знае како на “Максимир“, храбриот Шкупи со одлични 2:2 среде Загреб (ВИДЕО)
СледноЧаир во еуфорија, ПЕКОЛ го чека Динамо во Скопје!