Дарко Димитриевски оди кај тренерот кој имаше „кошмарно“ искуство во Вардар!

297

Дресот на Ваљадолид во новата сезона ќе го облече уште еден македонски ракометар. По Димитар Димитриоски со шпанскиот тим се договори и Дарко Димитриевски, кој последна година пауза се враќа во овој шампионат.

Димитриевски минатата сезона играше во Германија во Емстеден, кој се пресели во третата бундес-лига.

Двајцата македонски ракометари ќе бидат под водство на поранешниот тренер на Вардар, Давид Писонеро кој имаше неуспешна мисија во Скопје.

Димитриевски кариерата ја почна во Борец, а беше дел и од МРК Вардар, Куманово, Металург, Катар Спорт, Чурго, Хапоел Ашдод, Сагунто, Адемар Леон и Синфин Сантандер.

ПретходноГоце и Стефан: Кога двајца славни МАКЕДОНЦИ ќе се видат на “Максимир“!
СледноУбедлив пораз од Романија, Македонија речиси без шанси за полуфинале во Варна!