Еуро Никел и следната сезона во составот ќе го има еден од најискусните играчи. Дарко Соколов ќе ја игра вкупно осмата година во дресот на квадарчекиот тим. Поранешниот македонски репрезентативец во три наврати беше дел од овој клуб (2008/2009, 2010/2013 и 2019/2023).
Минатата сезона Соколов беше лидер во редовите на Еуро Никел, каде дојде од тимот на МЗТ Скопје и полека ја превзема главната улога. 36-годишниот кошаркар е во одлична форма, а за тоа говори и фактот дека често се наоѓаше меѓу петте најдобри кошаркари по завршувањето на едно коло.
Во просек постигнуваше 11,5 поени, 3,9 асистенции и 4,2 скока за 27,2 минути на теренот.
Следната сезона, тренерот Горан Самараџиев нема да смета на поранешниот македонски репрезентативец, Предраг Самараџиски, кој по долго време се врати во домашниот шампионат.