Досегашниот играч на тимот на Ренџерс, Калвин Бејси се сели во Амстердам и ќе потпише за Ајакс. Во договор вреден 22 милиони евра плус бонуси од учинокот на младиот фудбалер, Бејси е едно од најголемите засилувања ова лето за „Копјаниците“.
Игра на позицијата лев бек, односно стопер има 22. години и е интернационалец на Нигерија. За Ренџерси одигра четириесетина мечеви и го прави засега трансферот на кариерата. Во текот на утрешниот ден би требало да се случи и промоцијата во Амстердам.