“Лавовите“ со порака: Не сме под притисок што ќе играме со бугарска екипа!

190

Во пресрет на утрешниот прв меч од 2.квалификациско коло во ЛК меѓу Македонија ЃП и ЦСКА Софија, што ќе се игра утре од 17:30 часот, попладнево се одржа прес конференција на која говореа тренерот на “лавовите“ Муарем Бајрами и капитенот Ермедин Адем.

Се разбира дека стана збор за тоа дека играат клубови од Македонија и Бугарија, ако се знае какви се моменталните релации меѓу овие две земји.

Повеќе од јасно ни е дека играме со екипа од Бугарија, но тоа кај нас не се чуствува некој дополнителен притисок. Наше е да одиграме најдобро што можеме, нашата концентрацијата треба да биде кон тоа“ посочи Бајрами.

За тоа што и како против фаворитот од Софија, стратегот на Македонија ЃП посочи.

Сите ние во клубот добро знаеме против кого ќе играме. Секако дека им ја препуштаме улогата на фаворит на нив. Добро се подготвувавме, и ги знаеме нашите амбиции на овој меч, па и на овој двомеч“.

Капитенот Ермедин Адем, пак покрај другото истакна…

Ќе го дадеме својот максимум на утрешниот меч за да дојдеме до добар резултат пред реваншот во Софија. Познато е дека временските услови не се најидеални, многу топло е, но сепак ќе одиграме најдобро што можеме“ заврши Адем.

ПретходноШкупи од авион на тренинг!
СледноНовиот Е. Пелистер ги “запали моторите”: Кузманоски и Павле Атанасијевиќ нови членови!