Шкупи направи вистинска сензација на првиот меч против Динамо Загреб во рамките на второто квалификациско коло во Лигата на шампиони. Македонскиот првак на реваншот во Скопје патува со реми (2:2), резултат со кој целосно го понижи хрватскиот тим среде „Максимир“ пред речиси 8.000 гледачи.
По ваквото бледо издание навивачите на Динамо Загреб беа бесни, особено на стратегот Анте Чачиќ, побараа негова смена.
„Каков стручњак имаме за тренер и добро поминавме. Да беше Бјелица овој меч би го добил со шест гола разлика“.
„Срамота е благ збор. И јас сум будала што го гледам до крајот. Голема нула за играта и залагањето“.
„Додека не е доцна променете го тренерот. Подоцна на сите ќе ви биде жал“.
„Смешно, трагикомично“.
Ова се дел од бројните коментари на социјалните мрежи по ремито во Загреб, двата тима реванш дуелот ќе го одиграат на 26. јули во Скопје.