Полјакот во претходните десет години беше меѓу најдобрите напажачи во светот, а во Барселона очекуваат да продолжи во ист ритам.
Дел од навивачите на каталонскиот гигант поитаа да го купот дресот на новиот напаѓач, но дел не успеаја во тоа. Причината е бизарна.
Недостигот на „W“ во печатењето на дресовите од фан шоп спречи многумина да ја добијат својата копија од дресот.
„Зошто не можеме да го купиме дресот на Левандовски?“, праша еден од навивачите.
„Веќе ја немаме буквата W. Бидејќи има две W во презимето, останавме без таа буква“, одговара работникот.
Бизарна и неверојатна ситуација, но доказ дека Левандовски ќе и донесе многу на Барселона во маркетинг секторот. Барем додека не ги добијат материјалите за клупската продавница.