Седлоски се шегуваше на пресот: Дојдете во Скопје на ќебапчиња, ќе видиме кој ќе оди натаму!

4538

Гоце Седлоски на “Максимир“ беше пречекан со аплаузи. Навивачите на Динамо Загреб не го збаоравија својот капитен. Сепак тој и тоа како посакуваше и се направи да дојде до добар резултат со својот Шкупи, а против “својот“ Динамо.

По мечот, на пресот, не го криеше своето задоволство од резултатот, па малку и се шегуваше…

Дојдете во Скопје на ќебапчиња, ќе видиме кој ќе оди натаму. Игравме добро, иако имавме проблеми по враќањето од Гибралтар. Честитки за двете екипи, ова беше голем натпревар. Штета што го примивме тој гол во 45.минута. И покрај овие 2:2 Динамо е фаворит. Им честитам на фановите на Динамо, но и нашите фанови кои со автобуси дојдоа тука во Загреб од Скопје. Имаме ува резултат, ќе играме пред полн стадион и не смееме да се залетуваме“ рече покрај другото стратегот на Шкупи.

ПретходноШкендија слета во Рига, се посакува победа над Валмеира! (ФОТОГАЛЕРИЈА)
СледноНавивачите на Динамо бесни по ремито со Шкупи: Срамота е благ збор! Трагикомично!