Убедлив пораз од Романија, Македонија речиси без шанси за полуфинале во Варна!

161

Македонската ракометна репрезентација до 20 години не успеа да приреди изненадување против фавортитот Романија, беше совладана со убедливи 31-21 (15-11). Поразот за „црвено-жолтите“ значи дека шансите за пласман во полуфиналето се изгубени на ЕХФ Шампионатот во Варна.

Нашите ракометари само двапати имаа водство на дуелот (1-2 и 4-5). По последното водство противникот со серијата од 4-0 поведе со 8-5. На другата страна „црвено-жолтите“ успеаја да дојдат на минус два, а потоа целосно паднаа. Романија дојде на плус пет (14-9 и 15-10).

По одморот не се промени ништо, противникот ја продолжи доминацијата, искуството го стори своето, пред крајот негативата изнедуваше 29-18. Македонија на овој шампионат замина со помлади играчи, целта е да се подготват истите за она што допрва доаѓа, ЕХФ шампионатот во Рига.

Во последното коло од групната фаза, Македонија ќе игра против Швајцарија која нема ниту еден пораз.

ПретходноДарко Димитриевски оди кај тренерот кој имаше „кошмарно“ искуство во Вардар!
СледноМанчестер Сити го купува талентот на Евертон (ВИДЕО)