Од денеска Трент Бутрик е ново име во таборот на ТФТ, тимот кој е актуелен освојувач на Купот на Македонија. Ова е уште едно засилување кај еден од нашите најдобри кошаркарски клубови.
Бутрик во Македонија доаѓа од Универзитетот Масачусетс, а просечно имал по 10,7 поени, 6,4 скокови 40 настотона реализација за три поени.
Од клубот не кријат дека се задоволни што успеале да донесат таков кошаркар, кој и тоа како ќе го подигнел квалитетот на ТФТ.