Артим Шаќири: Ова е многу важен меч за Шкендија, одиме по добар резултат!

261

Утре во 17 часот, на стадионот на Даугава во Рига, Шкендија ќе го одигра својот прв меч од 2.квалификациско коло во Лигата на Конференции против летонската Валмеира. Јасно е дека Шкендија е фаворит на овој двомеч, но треба да се одигра максималнио сериозно ако се сака да се оди во следната фаза.

Во пресрет на утрешниот меч, на попладневниот прес во Рига, стратегот на тетовци, Артим Шаќири истакна..

Нов натпревар за нас, многу важен. Валмеира за нас е непознат противник, но ние добро ќе го анализираме. Ќе дадеме се од себе да го извлечеме максимумот да дојдеме до позитивен резултат. Тимот сигурно е дека ќе го даде максимумот и ќе ги изврши задачите од стручниот штаб“ рече Шаќири.

Тој вели дека за Шкендија ќе биде најважен резултатот…

Секако дека гледачите ќе очекуваат добар фудбал, но за нас ќе биде најважен резултатот. Секој сака да гледа убав натпревар, но Шкендија ќе оди на резултат. И јас, но и некои други играчи сме нови во Шкендија во однос на европските натпревари и затоа од искуството од минатата година анализиравме со цел да ги отсраниме негативните моменти“ заврши Шаќири.

ПретходноФорца Вардар и Ц. Звезда потпишаа договор за соработка!
СледноФерхан Хасани: Максимално сме мотивирани и ќе го дадеме максимумот против Валмеира!