Барселона во првиот меч на турнејата во САД во рамките на подготовките одигра одлично и го декласира Интер Мајами со 0-6.
Пјер-Емерик Обамејанг во 19. минута го отвори резултатот, шест минути подоцна Рафиња зголеми на 0-2. Каталонскиот гигант на одморот замина со водство од 3-0 со голот на Ансу Фати.
Во продолжение во мрежата на Интер Мајами паднаа уште три гола. Гави во 55. минута, Мемфис Депај во 69. минута и Усман Дембеле во 70. минута погодија за убедлив триумф на Барселона.
Барселона во САД ќе одигра пријателски мечеви со Реал Мадрид, Јувентус, Ред Бул Салцбург и УНАМ Пумас.