Браво момци: Кошаркарите по голема драма во Тбилиси заверија 1/4 финале

536

Македонската кошаркарска репрезентација до 20 години по голема драма успеа да го добие решавачкиот дуел за пласман во 1/4 финалето на ЕП Б ДИВИЗИЈА. Во Тбилиси избраниците на Никола Василев против домаќинот Грузија славеа со 76-73.

Добрата игра во второто полувреме им донесе отворен пат на нашите момци кон битката за полуфинале.

Во последниот период успеаја целосно да се вратат и да поведат со плус пет 70-65 и 72-67. Грузија со тројка намали на 72-70, Савичевиќ реализира едно од двете слободни фрлања за 73-70.

Следеше казна и тројка на противникот за 73-73, истиот кошаркар кај нас одново погоди едно слободно фрлање, но на голема среќа Грузија загуби топка, а Македонија зголеми на 76-73. На крајот со две слободни фрлања ставивме печат на големиот успех.

Во првата четвртина имаа негатива од 20-29, додека на одморот намалија на 37-44 иако имаа минус 14 поени. Од тука почна кам-бекот, со храбра игра и под голем притисок овие момци заслужено се радуваа.

Што се однесува до стрелците во нашиот табор најдобри поентерим, со по 14 поени беа Савичевиќ и Андоновски, еден помалку имаше Петков.

Кај Грузијците пак Саларидзе и Тавакарашвили забелажаа по 19 поени.

ПретходноФерхан Хасани: Максимално сме мотивирани и ќе го дадеме максимумот против Валмеира!
СледноСаша Илиќ-ЦСКА Софија: Многу е топло, мора да бидеме паметни!