Валтер: Два дена сме заедно и мислам дека „дишеме“ добра работна атмосфера!

133

Ларс Валтер, новиот тренер на Е. Пелистер ќе има за задача да им ја донесе радоста на Битола, која минатата сезона не ја почувствуваа иако беа близу.

Најголем проблем ќе биде што голем дел од играчите се нови, па одново мора да се посвети време на запознавање и прилагодување.

Тој најави и ново засилување ова лето, кое треба да го даде правецот по кој Е. Пелистер ќе се движи во новата сезона, во која целите се исти, домашна титула и долга европска авантура.

“Имаме само еден месец до почетокот на официјалните натпревари. Првиот дуел е против Мешков Брест на 25 август и немаме многу време. Затоа ќе треба можеби да играме малку повеќе ракомет отколку што тоа нормално го правиме и напорно да работиме на физички план. Ќе биде интересно да видиме како ќе изгледаме за четири недели, бидејќи е краток период, но мислам дека ќе успееме. Досега, тест резултатите се одлични, и почнуваме напорно да работиме. 

Досега не игравме ракомет, ова е наш прв тренинг со топка. Но, од тоа што го видов, видео записите и натпреварите, мислам дека имаме добар тим. Се работи се добри личности, два дена сме заедно и мислам дека „дишеме“ добра работна атмосфера. Луѓето сакаат да работат и оптимист сум за тоа што ни следи. Не исклучувам можност за уште некое засилување летово”, изјави новиот тренер на Е. Пелистер. 

ПретходноПешевски: Среќен сум, доаѓам со „полн куфер“ амбиции и желби!
СледноЏеси Лингард ќе игра за Нотингем Форест