Добра игра, одлично реми на Шкупи синоќа на “Максимир“, 2:2 е супер резултат, резултат за полна Арена во Скопје на реваншот. Гоце Седлоски уште еднаш покажа дека е врвен стратег, и дека остави голем белег во “својот“ Динамо. Аплаузите од фановите на “модрите“, посебно на БББ е најголем доказ за тоа колку се цени Гоце.
Сепак најнасмеан Седлоски беше кога пред натпреварот се виде со Стефан Ристовски, нашиот репрезентативен капитен и член на Динамо Загреб. Искрена, пријателска прегратка со посакување на многу среќа.
Така е тоа кога двајца славни Македонци ќе се видат на “Максимир“.
Нешто слично веројатно било и со Аријан Адеми, за жал не успеавме да најдеме таква фотографија.
А оваа на Гоце и Стефан е благодарение на колегите од Sportske.jutarnji.hr и секако им благодариме.
ФОТО: Sportske.jutarnji.hr