Во првиот натпревар од второто квалификациско коло во Лигата на шампионите, Шкупи приреди сензација, одигра реми (2:2) против Динамо Загреб на гостински терен. Хрватскиот тим во 16. минута остана без Јосип Шутал.
Најскапиот играч на хрватскиот шампион мораше да ја напушти играта поради болки во десната нога. Тренерот на Динамо, Анте Чачиќ, по натпреварот откри дека Шутало го повредил квадрицепсот и дека ќе отсуствува околу шест недели, колку точно траат квалификациите за европските натпреварувања.
„Потрошивме многу, останавме без двајца играчи. Шутало и Теофил. Шутало ги повреди квадрицепсите и мислам дека паузата ќе биде шест недели, Теофил има проблеми со грбот“, изјави Чачиќ.
Реваншот меѓу Шкупи и Динамо Загреб е закажан за 26 јули.