Македонскиот репрезентативец Енис Фазлагиќ својата кариера ќе ја продолжи во Турција односно во тимот на Истанбулспор. Откако неговиот сега веќе поранешен клуб, Висла Краков не е повеќе прволигаш, и не можеше да го издржи финансискиот товар на странските играчи беше јасно дека екс капитенот на У21 репрезентацијата на Македонија летово ќе има нов клуб.
Па така, Спортмедиа, преку менаџерскиот тим на Фазлагиќ дозвана дека тој е на пат за Турција и ќе потпише договор со суперлигашот Истанбулспор.
Се работи за клуб кој екстра амбициозен, кој е финансиски моќен и кој има намера во следната сезона да игра сериозна улога во шампионатот на Турција.
Фазлагиќ од друга страна веќе години е со статус на интернационалец откако уште како младинец замина од Шкендија во тимот на Жилина. Потоа следуваше трансферот во Висла, а еве сега за прв пат ќе заигра и во шампионатот на Турција.