Еурофарм Пелистер 2 со уште помлад состав во новата сезона

203

Со уште помлад состав од минатата сезона, Еурофарм Пелистер 2 ја почнува третата сезона со Александар Јовиќ на клупата. Со остварени цели во претходните две, екипата собра многу симпатии и се избори за европско место во квалификациите на Европската лига. Тимот е во конструкција, но пак се потпира на млади македонски играчи.

Единствен странец е младиот црногорски голман Василије Пичурица, кој дојде од Струга. Подготовките пред стартот на новата сезона, битолчани ќе ги минат во две фази: во Битола и Маврово, а првиот официјален натпревар е за пет недели против Алпла Хард во Австрија.

Еурофарм Пелистер 2 2022/23

Дојдоа:

Мартин Ивановски (Охрид), Мартин Јовановски (Дансенберг), Василије Пичурица (Струга), Симон Мирчевски (Прилеп – крај на позајмица), Филип Гуцевски, Христијан Ристевски, Васко Мартиновски, Андреј Марковски (академија на клубот)

Заминаа:

Павле Атанасијевиќ и Цветан Кузманоски (Еурофарм Пелистер), Благојче Трајкоски (Алкалоид), Димитар Димитриоски (Ваљадолид), Христијан Јовановски, Милан Ѓукиќ, Васко Димитровски (пензија)

ПретходноПријателска: Работнички убедлив против Тетекс!
СледноПријателска: Скопје славеше на тестот против Силекс