Досегашниот играч на академијата на Евертон, Емилијано Лоренс се сели во тимот на Манчестер Сити. Во договор за кој деталите сеуште не се познати, членот на У23 тимот на Евертон се сели во Манчестер како еден од оние на кои во Сити сериозно ќе сметаа за во иднина. Се работи за еден од најголемите таленти на Островот, и на неговата преселба во Сити е работено извесен период.
Се работи за интернационалец на Шкотска, кој веќе има настапи за својот национален тим.