Италијанскиот репрезентативец, Франческо Ачерби стана мета на навивачите на Лацио, по бројните информации дека ова лето би можел да замине во редовите на Интер, Милан и Јувентус.
Сепак, тој се уште е играч на Лацио и Маурицио Сари побара од навивачите да му покажат почит.
Има видео снимка на која се гледа како Сари престанува да тренира и оди кон група навивачи за да ги замоли да престанат да го навредуваат неговиот играч, додека од другата страна се слуша аплауз.
Ачерби дојде во Лацио од Сасуоло во 2018 година. Тој има договор до 2025 година, иако има 34 години, некои гиганти во Италија имаат намера да го доведат ова лето, меѓу нив е Милан.
#sarri#auronzo pic.twitter.com/X9vHcEAAub
— Alessandro (@aldl1900) July 19, 2022