Новиот Е. Пелистер ги “запали моторите”: Кузманоски и Павле Атанасијевиќ нови членови!

286

Ракометарите на Е. Пелистер утрово со редовните тестови и попладнево со првата тренинг сесија во спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола ја почнаа новата сезона 2022/23. На стартот Ларс Валтер и неговиот стручен штаб работеа со осумнаесет ракометари, а Усама Хосни (настапи на Купот на Африка) ќе се приклучи в понеделник на втората фаза на подготовки во Маврово.

РК Еурофарм Пелистер 2022/23

Дојдоа:Усама Хосни (Истр), Урбан Лесјак (Хановер), Вилсон Дејвис (Иври), Руди Сери (Рен), Денис Васиљев (Мотор Запорожје), Жарко Пешевски (Штутгарт), Павле Атанасијевиќ и Цветан Кузманоски (Еурофарм Пелистер 2)

Заминаа:Никола Маркоски (Алкалоид), Елмир Граџан (Олимпијакос), Стипе Мандалиниќ (АЕК Атина), Мартон Секељи, Јосип Периќ, Немања Обрадовиќ, Матео Мараш (Татабања), Реиние Табоада (Фредериција), Филип Ивановски (Бутел Скопје)

Усама Хосни ќе се приклучи на подготовките во Маврово заради обврски кон националната репрезентација.

Павле Атанасијевиќ и Цветан Кузманоски нови членови на Еурофарм Пелистер

Од почетокот на сезоната 2022/23 ракометарите Павле Атанасијевиќ и Цветан Кузманоски се приклучени кон тимот на Е. Пелистер по две успешни сезони во Е. Пелистер 2. Во овој период тие ги исполнија сите цели, двапати играа плеј-оф, еднаш завршен турнир на Купот на Македонија, изборија место во ЕХФ Лига Европа, а стигнаа и до репрезентативниот дрес. Ракометарите Емилијан Ѓорговски и Павле Петровиќ ќе го минат подготвителниот период со Е. Пелистер во Битола и Маврово.

План на подготовки за јули и август:

20 јули – почеток на подготовки во Битола

25 јули – 2 август – централна фаза на подготовки во Маврово

Контролен натпревар: Еурофарм Пелистер – Еурофарм Пелистер 2

16-20 август – Струшки ракометен турнир 2022

25 август – СЕХА лига (четвртфинале) – Еурофарм Пелистер – Мешков Брест

28 август – Суперкуп на Македонија – Вардар 1961 – Еурофарм Пелистер

Претходно“Лавовите“ со порака: Не сме под притисок што ќе играме со бугарска екипа!
СледноПешевски: Среќен сум, доаѓам со „полн куфер“ амбиции и желби!