Како што пренесуваат шпанските медиуми, словенечки голман Јан Облак го продолжил договорот со Атлетико (М) кој беше со важност до летото 2023 година. Облак е член на мадридскиот клуб веќе осум години, а на голот на Атлетико стана еден од најдобрите голмани во светот.
Според информациите, тој со новиот договор ќе остане во Мадрид до 2028 година.
Со новиот договор Словенецот ќе добие и покачување на платата. Тренерот Диего Симеоне многу го цени, а Облак е еден од лидерите во соблекувалната на Атлетико. Тој веќе има статус на легенда на „Ванда Метрополитано“, а се чини дека е подготвен да стане вистинска икона на клубот.