Пешевски: Среќен сум, доаѓам со „полн куфер“ амбиции и желби!

386

Жарко Пешевски, македонскиот репрезентативец е едно од новите засилувања на Е. Пелистер во новата сезона.

Пикерот доаѓа од Штутгарт, открива дека лесно се договорил со раководството, бидејќи Битола има доста примамлив проект.

Среќен е, доаѓа со „полн куфер“ амбиции и желби.

“Не размислував долго кога почнаа преговорите, видов максимална заинтересираност од двете страни. Најдовме заеднички јазик и дојдов во Битола. Среќен сум, доаѓам со „полн куфер“ амбиции и желби и мотивиран сум да помогнам во овој амбициозен клуб. Еурофарм Пелистер расте во последните четири години откако заминав од Македонија во Бундеслигата. Верувам дека ќе помогнам да почне овој клуб да освојува титули и да го заземе местото кое го заслужува.

Морам да признаам дека со голем респект како и ние Македонците кои работевме во странство, така и сите ракометни работници, гледаат на овој клуб. Еурофарм Пелистер од ден на ден расте во сериозен клуб, клуб во кој одлично се работи и секоја нова сезона амбициите и апетитите растат. Оваа сезона е идеална шанса да ги оствариме желбите во целост”, вели Пешевски. 

ПретходноНовиот Е. Пелистер ги “запали моторите”: Кузманоски и Павле Атанасијевиќ нови членови!
СледноВалтер: Два дена сме заедно и мислам дека „дишеме“ добра работна атмосфера!