Во пријателски натпревар, одигран попладнево во Скопје, прволигашот Работнички беше убедливо подобар против второлигашот Тетекс и успеа да забележи победа од 4:1. Стрелци на голови кај Работнички беа Филип Бошковски 53., Димитар Тодоровски 57., Мухамед Елмас 81. и Александар Богдановски во 88.минута.
Ова е само уште еден подготвителен натпревар за четата на Љупчо Марковски – Калц во пресрет на стартот на новата сезона во ПМФЛ која започнува на 6-7 август, а Работнички во првото коло му гостува на Силекс.