Саша Илиќ-ЦСКА Софија: Многу е топло, мора да бидеме паметни!

366

Бугарите пристигнаа во Скопје. Експедицијата на ЦСКА Софија попладнево дојде од Софија во главниот град на Македонија. Прво удобно се смести, за да потоа тренерот Саша Илиќ, легендата на Партизан одржа прес по повод утрешниот меч со Македонија ЃП.

Тоа ќе биде прв меч од 2.квалификациско коло во Лигата на Конференции…

Ќе биде многу топло, условите ќе бидат тешки за игра, и затоа мораме да бидеме паметни. Тука сме да постигнеме добар резултат пред реваншот. Го знам стартниот состав. Мора да се погрижиме да ги запреме нападите на Македонија ЃП, потоа потребна е максимална концентрација и почитување на упатствата. Само така можеме да дојдеме до добар резултат. Не размислуваме за тоа кој ќе ниде биде следен противник, фокусот ни е на овој двомеч со Македонија ЃП“ посочи стратегот на ЦСКА Софија.

ПретходноБраво момци: Кошаркарите по голема драма во Тбилиси заверија 1/4 финале
СледноПромоција: Барса го претстави Левандовски на плажа! (ФОТО + ВИДЕО)