Последниот Грен слем во сезоната, УС Опен, го објави списокот на учесници на турнирот кој започнува на 29 август и трае до 11 септември.
Интересно, на списокот се најде и трикратниот победник Новак Ѓоковиќ, но како што стојат работите, тој со голема веројатност ќе го пропушти УС Опен. Имено, сите играчи автоматски се вклучуваат во листата врз основа на нивниот пласман на АТП и ВТА ранг-листите, 42 дена пред почетокот на турнирот. Меѓутоа, Ѓоковиќ како невакциниран не смее да влезе во Соединетите Американски Држави.
УС Опен објави дека нема да бара задолжителни вакцини за учесниците, но ќе ја почитува одлуката на американските власти. Така, доколку САД наскоро не ги променат условите за влез во земјава, Ѓоковиќ нема да настапи на УС Опен.