Форца Вардар и Ц. Звезда потпишаа договор за соработка!

405

Како што и доликува на една од нашите најдобри младински фудбалски школи, како што е Форца Вардар, се случи потпишување на договор со еден гигант како што е Ц. Звезда, некогашен европски првак.

Потпишан е договор за соработка во која се вклучени и размена на играчи, потоа стручна соработка и слично.

Треба да се каже дека од школата Форца Вардар потекнуваат Елиф Елмас, потоа Дарко Чурлинов и други.

На потпишувањето на договорот присуствуваа Светозар Мијаиловиќ (претседател на Ц. Звезда), Јорданко Џипунов (претседател на Форца Вардар), Боби Стевковски (спортски директор на Форца Вардар) и Владимир Цвјетичанин (координатор на младинската школа на Ц. Звезда).

ПретходноЏеси Лингард ќе игра за Нотингем Форест
СледноАртим Шаќири: Ова е многу важен меч за Шкендија, одиме по добар резултат!