Шампионот стартува во Кавадарци, Шкендија го пречекува Скопје

1281

Во просториите на ФФМ предмалку беше извршена ждрепката на стартното коло од новата 2022/23 ПМФЛ конкуренција.

Првото коло се игра на 7. август, а шампионот Шкупи оди на тешко гостување во Кавадарци. Шкендија пак на домашен терен ќе го пречека тимот на Скопје, додека пак Академија Пандев ќе игра дерби со Брегалница.

Силекс во Кратово ќе го пречека Работнички, додека пак Македонија ЃП игра со Ренова. Клубот од Џепчиште е вметнат во ждрепката, а деталите околу овој клуб ќе се знаат деновиве.

Прво коло ПМФЛ:

Шкендија – Скопје

Силекс – Работнички

Академија Пандев – Брегалница

Струга Трим Лум – Победа

Тиквеш – Шкупи

Македонија ЃП – Ренова

ПретходноПарондо на Египет му донесе титула, па си замина!
СледноФФМ го објави комплетниот распоред за 2022/23 ПМФЛ сезоната