Секако дека после оние 2:2 на “Максимир“ апетитите во таборот на нашиот шампион пораснаа. Сега се коментира – „ако можевме во Загреб до 2:2, зошто во Скопје да не можеме до победа и пласман во 3.квалификациско коло во ЛШ каде таму најверојатно не чека Лудогорец“.
Се разбира и во вторник на реваншот во Скопје тимот од Загреб ќе биде голем фаворит, но фудбал е тоа, нели.
Па така Шкупи е на чекор, го делат само 90.минути, од историски успех. Имено ако тимот на Гоце Седлоски го мине Динамо Загреб тогаш најмалку ќе оствари автоматски пласман во групната фаза во Лигата на Конференции, најмалку.
Тогаш, ако се мине Динамо, Шкупи ќе игра со Лудогорец во третата рунда во ЛШ. И ако загуби тогаш се сели во плеј – офот во Лигата на Европа, но без разлика што ќе направи таму, секако дека ќе игра во групната фаза во Лигата на Конференции.
А ако игра таму, тогаш заработката од УЕФА е најмалку 4,2 милиони евра. Вистинско богатство за секој наш клуб, па и за Шкупи.
Сепак, и ако не се мине Динамо, нашиот првак и натаму ќе има добри шанси да се најде во групната фаза во ЛК.
Имено ако биде елиминиран од Динамо, тогаш ќе игра во 3.квалификациско коло во ЛЕ со Шамрок Роверс, тим од Р. Ирска, најверојано.
Велиме најверојатно зошто вчера Ирците на првиот меч со Лудогорец загубија со 0:3.
Значи тимот на Седлоски, ако претходно биде елиминиран од Динамо Загреб, ќе треба да го победи Шамрок за се најде најмалку во групната фаза во ЛК и да дојде до тие 4,2 милиони евра.
Е, па ваква шанса не смее да се испушти.