Словенија со злато на СП во атлетика

116

На петтиот натпреварувачки ден од Светското првенство во атлетика кое се одржува во Јуџин, САД, постинати се неколку изненадувачки резултати.

Во фрлање диск, словенецот Кристијан Чех со 71.13 го освои слатото, додека пак, Алисон Дос Сантос на 400 метри со пречки беше најдобар со време од 46.29 секунди.

Разочара во оваа трка актуелниот олимписки и светски првак, Карстен Вархолм од Норвешка, кој заостана две и пол секунди и остана без медал.

Изненадување на 1500 метри

Експедицијата на Норвешка остана разочарана и во трката од 1500 метри каде што Јаков Ингебритцен, олимпискиот првак остана без златен медал на конто на Британецот, Џејк Вајтмен кој победи со време од 3:29.23 минути.

FOTO EPA

ПретходноХаос во Тирана по дуелот против Зрински (ВИДЕО)
СледноПоради необична бизарна причина навивачите на Барса не можеа да го купат дресот на Лева!