Дресот на Ваљадолид во новата сезона ќе го облече уште еден македонски ракометар. По Димитар Димитриоски со шпанскиот тим се договори и Дарко Димитриевски, кој последна година пауза се враќа во овој шампионат.
Димитриевски минатата сезона играше во Германија во Емстеден, кој се пресели во третата бундес-лига.
Двајцата македонски ракометари ќе бидат под водство на поранешниот тренер на Вардар, Давид Писонеро кој имаше неуспешна мисија во Скопје.
Димитриевски кариерата ја почна во Борец, а беше дел и од МРК Вардар, Куманово, Металург, Катар Спорт, Чурго, Хапоел Ашдод, Сагунто, Адемар Леон и Синфин Сантандер.