Лазаревска и Димитријевиќ остануваат во Бадел 1861

142

Екипата на Бадел 1862 продолжува со созадавање на тимот на зановата сезона. Во дресот на актуелниот македонски првак остануваат Сандра Лазаревска и македонската репрезентативка Марија Димитријевиќ.

„Искуството и докажаниот квалитет на Сандра и Марија, коишто имаа значаен придонес во историската сезона 2021/2022, ќе бидат двигател на подмладениот сино – жолт состав и во сезоната 2022/2023“, соопштија од Бадел 1861, кој во изминатиот период работат на обновување на договорите на кошаркарките од актуелниот состав.

Овој тим во иднина ќе биде предводен од Горан Крстевски Кичо.

ПретходноБарселона ја наполни мрежата на Интер Мајами (ВИДЕО)
СледноДарко Соколов и следната сезона во Еуро Никел!