ОФИЦИЈАЛНО: Бремер е „Бјанконеро“, Јуве плати 50 милиони евра

259

Јувентус официјално го објави доаѓањето на Глејсон Бремер од Торино во зделка вредна 50 милиони евра.

25-годишниот бразилски централен бек експлодираше под водство на Иван Јуриќ минатата сезона и се покажа како еден од најдобрите дефанзивци во Италија, привлекувајќи го вниманието на голем број клубови. Интер беше долго време заинтересиран и се чинеше фаворит во трката по него, но Јувентус влезе во преговори по продажбата на Матијс де Лигт во Баерн Минхен и веднаш успеа да го предомисли Бразилецот.

Во соопштението Јувентус потврдува дека Бремер ќе се приклучи во тимот во зделка во вредност од 41 милиони евра, плус 9 милиони евра бонуси. Тој потпиша петгодишен договор со клубот во вредност од 4 милиони евра нето по сезона, плус 1 милион евра бонуси.

ПретходноШкендија го почувствува теренот во Рига (ФОТО)
Следно„Рибари“ нема да навиваат за Охрид се додека клубот го води Андоновски