Во просториите на ФФМ предмалку беше извршена ждрепката на стартното коло од новата 2022/23 ПМФЛ конкуренција.
Првото коло се игра на 7. август, а шампионот Шкупи оди на тешко гостување во Кавадарци. Шкендија пак на домашен терен ќе го пречека тимот на Скопје, додека пак Академија Пандев ќе игра дерби со Брегалница.
Силекс во Кратово ќе го пречека Работнички, додека пак Македонија ЃП игра со Ренова. Клубот од Џепчиште е вметнат во ждрепката, а деталите околу овој клуб ќе се знаат деновиве.
Прво коло ПМФЛ:
Шкендија – Скопје
Силекс – Работнички
Академија Пандев – Брегалница
Струга Трим Лум – Победа
Тиквеш – Шкупи
Македонија ЃП – Ренова