Ќе има казни за Динамо и Шкупи по националистичкото скандирање на нивните фанови!

1142

Голема дамка на вчерашниот меч на “Максимир“ меѓу Динамо и Шкупи, остави скандирањето на фановите на двата клуба. Во еден момент и двете групи почнаа да скандираат „Убиј, убиј Србина“. За да потоа, во второто полувреме, домашните фанови изненадија со скандирањето „Убиј, убиј Шиптара“.

Се разбира дека по сите овие немили сцени делегатот на овој натпревар си ја одработил својата работа, внел во записникот се што видел и слушнал, па така се очекува и Динамо Загреб и Шкупи од страна на УЕФА да бидат казнети.

Обично тие казни се парични, но…сепак останува да се види. Имено познато е дека УЕФА најмногу реагира на политички и и националистички пораки, после расизмот се разбира.

Image

ПретходноМанчестер Сити го купува талентот на Евертон (ВИДЕО)
СледноБремер остана во Торино, но се пресели во Јуве