Вестите кои денеска пристигнуваат од Островот, велат дека Џеси Лингард својата кариера ќе ја продолжи во новиот Премиер лигаш, тимот на Нотингем Форест.
На огромно разочарување на навивачите на Вест Хем кои инсистираат Лингард да се врати во нивниот табор, каде што одработи одлична позајмица од Јунајтед, сепак, тоа очигледно нема да се случи.
Нотингем Форест е фаворит за потпис на напаѓачот кој бара „втора пролет“ за неговата кариера, откако веќе немаше место за него во тимот на Јунајтед.