Амар Хот во конкуренција за МВП на ЕП „Б“ Дивизија

337

Македонската кошаркарска репрезентација до 20 години се пласираше во четвртфиналето на Европското првенство „Б“ Дивизија кое се одржува во Тбилиси. Нашите момци по голем пресврт го совладаа домаќинот на ова натпреварување и против Естонија утре ќе се борат за пласман во полуфиналето.

Во меѓувреме по завршување на групната фаза ФИБА традиционално ги објавува кандидатите за МВП признанието. Меѓу нив, очекувано се најде и македонски репрезентативец.

Станува збор за Амар Хот од тимот на Фенис, сите оние кои сакаат да го добие ова признание можат да гласаат на следниот ЛИНК. 

ПретходноБарди „зовре“ против Волфси, па доби црвен картон (ВИДЕО)
СледноПоднесено обвиние за убиството на ракометарот Денис Тот