Херојот од Бразил е нов светски рекордер на 400 метри со пречки

257

Алисон Дос Сантос е новиот светски првак, а воедно и светски рекордер на патеката од 400 метри со пречки. Тој беше најбрз на Светското првенство кое се одржува во Јуџин, САД, со време од  46,29 секунди,  и ова време на Дос Сантос е речиси за една секунда побрзо од досегашниот рекорд на Кевин Јанг, кој трчаше 47,18 секунди и опстојува уште од 1993 година.

Дос Сантос дефинитивно влегува во елитата на светската атлетика со своите 22 години, а неговата приказна јавноста ја дозна на најдобриот можен начин. Тој како бебе има преживеано тешки изгореници од трет степен, по што бил третиран со месеци во болница. Лекарите успеале да го спасат и да се рехабилитира, но лузните од повредите останале до ден денес.

 

ПретходноМолина ќе стане дел од Атлетико Мадрид
СледноЧелзи загуби од Шарлот, Галагер се посрамоти со „паненка“ (ВИДЕО)