Јуниорките повторно подобри од Албанија во Валона!

101

Женската јуниорска репрезентација на Македонија оствари уште една победа против Албанија во подготвителен меч во пресрет на Европското првенство од Дивизијата „Б“.

Нашите кошаркарки „Под 18“ години, предводени од селекторот Никола Златев, славеа по втор пат на „контролите“ во Валона, со исто така високи (67:42).

За разлика од првата проверка нашата женска јуниорска селекција клучната предност ја оствари во третиот период во кој за 10.минути направи (21-8), за недостижи (50:32), кои во периодот кој што следуваше „пораснаа“ на уште повисоки плус 25.

Марија Николов беше прв поентер во нашата селекција. Реализираше 25 поени (шут од игра 10/12), и три скока, ја следеше Михаела Алексовска со 17 поени (и пет скока).

Европското првенство од Дивизијата „Б“ во оваа конкуренција ќе се игра во Софија. Стартува на 30 јули, Македонија е дел од групата „А“, заедно со репрезентациите на Хрватска, Луксембург, Португалија и Велика Британија.

ПретходноРеал прави силен тим: Марио Хезоња ги засили „кралевите“
СледноВасилев: Ние сме Македонија, никогаш не се предаваме!